ПочетнаИНТЕРЕСНОЕнди Мари ќе ја предводи Британија во Белград

Енди Мари ќе ја предводи Британија во Белград

endi-mendi

Енди Мари потврди дека ќе ја предводи Девис куп репрезентацијата на Велика Британија во четвртфиналето против Србија, во Белград.

Четвртфиналниот меч Србија-Велика Британија, во четвртфиналето во Девис купот на програмата е од 15. до 17.јули во Белград.

Покрај Енди Мари за Велика Британија ќе играат уште и неговиот брат Џејми, односно Кајл Едмунд, Даниел Еванс и Доминик Инглот.

Енди, минатата година ја предводеше репрезентацијата до првата титула во Девис купот по пауза од 79 години.

Србија во овој дуел ќе биде значително ослабена бидејќи ќе настапи без своите двајца најдобри играчи, Новак Ѓоковиќ и Виктор Троицки.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП