5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2016: Андре Гомеш го критикувал Роналдо

ЕУРО 2016: Андре Гомеш го критикувал Роналдо

andre-gomes333

Иако Кристијано Роналдо на Европското првенство игра далеку под своето ниво, во редовите на репрезентацијата тоа беше табу тема, сѐ додека Андре Гомеш не реши да го прекине „заветот на молчење“.

„Роналдо на ЕУРО 2016 постигна два гола, но вистината е дека сите очекувавме повеќе од него“, рекол играчот на Валенсија, но откако му станало јасно што рекол веднаш застанал во одбрана на капитенот и можеби идниот клупски соиграч во Реал.

„Сега не е време да се говори за секој играч поединечно. Не треба на Роналдо да му се прави дополнителен притисок. Кристијано повеќе пати ги покажал своите квалитети, тој беше нашиот предводник во квалификациите“, рекол Андре Гомеш.

За разлика од својот играч, селекторот Фернандо Сантош на прес конференцијата не влегувал во детали.

„Подготвени сме за натпреварот против Велс. Знаеме дека нема да биде лесно. Велс не е случајно во полуфиналето“, рекол португалскиот селектор.

Пласманот на Португалија во полуфиналето е вистински раритет, бидејќи оваа репрезентација во 90 минути не победи никого, во првата фаза против Исланд, Австрија и Унгарија одигра нерешено, без победник играше и против Хрватска во осминафиналето, а Кварешма во 117-та минута постигна гол за четвртфинале, каде по 1-1, Португалија ја елиминира Полска по изведувањето пенали.

Медиумите во Португалија го критикуваат Сантош, но тој може да се пофали дека неговиот тим нема пораз на последните 12 натпревари.

„Најважно е дека стигнавме до полуфиналето, а притоа успеавме да го ротираме тимот и да ги одмориме играчите. Доколку до финалето ќе мора повторно да играме продолженија, нема да имаме проблеми“, рекол Сантош.

Полуфиналниот меч Португалија-Велс ќе се одигра на 6-ти јули во Лион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП