19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook воведува функција за превод на постовите на неколку јазици (видео)

Facebook воведува функција за превод на постовите на неколку јазици (видео)

Facebook-Multiple-Languages-Tool

Најголемата социјална мрежа во светот „Facebook“ претстави нова функција која ќе им олесни на корисниците на мрежата при објавувањето на постови на различни јазици. Базирана на машинско учење, функцијата „Multilingual Composer“ ќе ги преведе автоматски постовите на различни јазици. Потоа објавениот пост се покажува на читателот на параметри од неговиот јазик, пренесува „ZDNet“.

По составувањето на постот корисниците на „Facebook“ можат да изберат од менито до 45 (во овој момент) различни јазици, на кои текстот може да биде преведен. Досега, сепак функцијата е достапна само за избрани корисници, а тестови се направени и со „Facebook Pages“, кои се резервирани за корпоративни клиенти и брендови. Досега околу 5.000 корпоративни страници имаат корист од новата услуга.

Според социјалната мрежа половина од нејзините 1,4 милијарди месечно активни корисници зборуваат различен јазик од англискиот. Т.н. „Multilingual Composer“ користи вештачка интелигенција за да го исполнува автоматски полето за превод кога корисникот избира дополнителните јазици за својот пост. За стандардниот да се избере соодветна верзија за секој читател, инструментот ја проценува нејзината локација, јазикот и поставувањата и најчесто користениот јазик.

facebook-ai-language

На овој начин корисниците нема потреба да прават разни преводи на своите постови, ако сакаат да стигнат до што е можно поширока публика. Различните јазични верзии може да се уредуваат паралелно. Во исто време се подобрува визуалността, бидејќи креаторите на постовите досега често треба рачно да прават преводи во ист пост, така што читателите треба да поминат со глувчето кон јазикот кој им одговара.

Совладувањето на јазичната бариера е од големо значење за бизнисот на „Facebook“. Колку повеќе корисници создаваат и читаат пораки на социјалната мрежа, толку повеќе време тие ќе поминуваат таму. А тоа, се разбира, е од критична важност за рекламите – основниот извор на приходи за „Facebook“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП