Европската унија (ЕУ) им наложи на шпанските фудбалски клубови, меѓу кои се Реал и Барселона, да ги вратат милионите евра кои незаконски добиле од државата.
Како што се наведува во соопштението, станува збор за даночните олеснувања кои државата им ги овозможила што на клубовите им овозможило, пак, да стекнат „неоправдана предност“.
„Користењето на парите на даночните обврзници за финансирање на спортски клубови може да создаде нелојална конкуренција. Професионалниот фудбал е комерцијална активност во која се „врати“ значителна сума пари, што значи дека искористеноста на јавните пари мора да биде во согласност со правилата на фер конкуренција“, рекла комесарката на ЕУ за заштита на конкуренцијата на пазарот, Маргарет Вестагер.
Покрај Барселона и Реал, даночни олеснувања добиле Валенсија, Атлетик Билбао, Атлетико Мадрид, Осасуна, Елче и Херкулес.