ИНТЕРЕСНО

Ал Хорфорд од Атланта во Бостон

horford

Потписот на Хорфорд е обид на челниците на Бостон во своите редови да го донесет еден од најдобрите играчи во лигата, Кевин Дурент.

Ал Хорфорд девет години игра во НБА лигата, а минатата сезона неговиот просек изнесуваше 15,2 поени, 7,3 скока и 1,5 блокади по натпревар. Бостон за четиргодишната верност ќе му исплати 113 милиони долари.

Со доаѓањето на Хорфорд, Бостон, кој има исклучително талентиран тим, најавува поход кон врвот на Источната конференција.