10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФ1: Контроверзна победа на Хамилтон во Австрија

Ф1: Контроверзна победа на Хамилтон во Австрија

контро

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ победи во трката за Големата награда на Австрија којашто во неделата се возеше на патеката во Шпилберг, а прв во целта влезе откако во последниот круг го минат клупскиот колега Нико Розберг при што нивните болиди се судрија.

Од овој дуел на патеката подебелиот крај го извлече моментално водечкиот во генералниот пласман Нико Розберг, бидејќи по сударот неговиот болид претрпе поголеми оштетувања, поради што тој трката ја заврши на четвртото место, откако пред целта успеаја да го минат Холанѓанецот Макс Верстапен од „Ред Бул – ТАГ Хеур“ и Финецот Кими Рајконен од „Ферари3.

Трката за Австрија беше многу интересна, исполнета со пресврти, а одлуката падна во последниот круг кога Луси Хамилтон трган во напад на клупскиот колега. Британецот нападна од надворешната страна, а Германецот го удри во обидот да му го попречи патот. Хамилтон накусо излета од патеката, а на Рузберг му пукна гумата, што им овозможи на Вертапен и на Рејконен да го престигнат до крајот на трката.

Хамилтон го извози и најбрзиот круг, во 68-от круг, со време 1:08.411.

На пиедесталот за победниците Хамилтон беше пречекан со свирежи, а Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA) објави дека Нико Розберг се наоѓа под истрага поради инцидентот во последниот круг.

Со својата 45-та победа во кариерата, ав вкупно 250-та во историјата за возачите во Формила 1 од Велика Британија, Хамилтон по двете трки го намали заостанувањето зад Розберг на само 11 поени. Германецот славеше во првите четири трки со толкава надмоќ, што се мислеше дека и сезонава ќе ја освои титулата.

До крајот на сезоната остануваат уште 12 трки, а веќе во наредната Хамилтон може да го престигне Розберг. За една седмица ќе се вози десеттата годинешна трка за Големата награда на Велика Британија во Силверстон,

Во генералниот пласман ка возачите води Рајконен со 153 бодови пред Хамилтон кон има 142. Следуваат Германецот Себастијан Фетел од „Ферари“ со 96 колку што има и вториот пилот на италијанскиот тим Кими Рајконен, а петти е Даниел Рикардо од „Ред Бул“ со 88 бодови.

Кај конструкторите Мерцедес е во водство со 295 бодови, Ферари го следи со 192, Ред Бул –Таг Хеур со 168, Вилијамс-Мерцедес со 92 и Форс Индија- Мерцедес со 59 бодово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП