21 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 02-03.07.2016

Викенд хороскоп 02-03.07.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Подготвеноста да преземете ризик ќе ви се исплати, посебно доколку сакате да започнете сопствен бизнис или да го проширите постоечкиот. Преземете се што треба за да ја свртите ситуацијата во ваша корист. Некоја Шкорпија ќе ви подаде рака за помош.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Овој викенд е одличен за опуштање и релаксација на умот. Ќе треба да внимавате на финансиите и односот со соработниците и колегите. Тие очекуваат голема поддршка од вас, затоа немојте да го повишувате тонот доколку некој погрешил.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Во љубовниот живот посакувате некои нови и повесели случувања. Смислено го избирате вистинскиот момент да ги оставрите своите намери или на саканата личност да и соопштите важни планови. Сакате да воспоставите подобра котрола над новите случувања во љубовниот однос.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Немојте да се изненадите доколку им се допаднете на некои непознати. Доколку сте во врска, ќе доживеете нови искуства во неа, а доколку сте слободни, најверојатно ќе запознаете интересна личност. Работните обврски сте ги запоставиле, внимавајте можно е да бидете казнети.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можеби вашата претерана независност вам ви се допаѓа, но на вашиот партнер тоа му оди на нерви. Поразговарајте со него во врска со тоа и заедно најдете некакво решение. Викендот поминете го со своето семејство и со најблиските.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Сметате дека сте ги победиле сите непријатели и веќе ништо не ви стои на патот на успехот. Во моментов сте во право, но не очекувајте ситуацијата да потрае. Можеби непријателот само се притаил за подобро да го испланира следниот чекор. Доколку сте слободни, викендов може да сретнете една личност од минатото.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Време е да бидете помалку тврдоглави во односот со вашиот партнер, попуштете и задоволете ги неговите потреби. Со широката насмевка на лицето за време на викендот, ќе ви се отворат многу врати. Ќе запознаете интересни пријатели кои можат да ви помогнат и на деловен план.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Одвојте малку време за вашето семејство, помогнете им на блиските да поминат преку препреките кои им се поставени, викендов ќе ви биде таков. Ќе работите повеќе за другите отколку за себе. На крајот ќе бидете среќни, исполнети и задоволни.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Овој викенд ќе ви донесе нова енергија и надеж за работа и штедење на финансиски средства. Пријателите ќе ве поканат на масата за искрени разговори, кажете им што мислите, тие знаат да ги ценат вашите одлуки. Внимавајте на здравјето, премногу консумирате нездрави намирници.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Планирате нешто што на повеќето околу вас не им се допаѓа, можно е некој бурно да реагира на тоа. Ве очекува период во кој се почесто ќе имате кавги со вашата најблиска околина. Побарајте помош за решавање на кризата, нека биде тоа од некоја Вага.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе располагате со малку енргија, но сепак ќе бидете мирни и ќе имате добар однос со претпоставените. Викендот е поволен за деловни контакти и деловни зделки, но не и за голема заработувачка. Финансиската состојба не ви е најдобра.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ви се нудат одлични можности за развој на менталните и физичките способности. Колку ќе успеете да ги искористите – дискутабилно е. Многу да внимавате во проценките на ситуациите и луѓето бидејќи се можни измами од страна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП