Ракометарките на Вардар ги дознаа имињата на противничките против кои ќе ја започнат новата сезона во Лигата на шампионките.
Вардарки на жрепката во Виена беа носителки, а Лигата на шампиони во сезоната 2016/2017 ќе ја започне во Б групата во која уште се унгарски Ференцварош, Астраханочка од Русија и победникот од квалификациската група 2, во која се Лајпциг, Хипо, Бера Бера и Гомел.
Жрепката во Виена, во Ц групата ги спои финалситите од последното издание на завршниот турнир, шампионот Букурешт и Ѓер.
Лига на шампиони, жени:
Група А: Будуќност, Турингер, Мец, победник на квалификацискиот турнир 1
Група Б: Вардар, Астраханочка, Ференцварош, победник на квалификацискиот турнир 2
Група Ц: Ѓер, Букурешт, Митјиланд, Ростов Дон
Група Д: Ларвик, Есбјерг, Сафехов, победник на квалификацискиот турнир 3
Натпреварите од првото коло ќе се играат од 21-ви до 25-ти септември.