Новак Ѓоковиќ решил да ја стави на хуманитарна аукција опремата со која го освои Ролан Гарос. Наддавањето кое се организира во соработка со e-Bay официјално започна денес, во девет часот, а ќе заврши во исто време на 4-ти јули.
Учесникот на аукцијата кој ќе понуди најмногу пари ќе ја добие UNIQLO опремата, која ќе биде потпишана од Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер пред три недели ја освои својата прва титула на Ролан Гарос со што ја комплетираше колекцијата на Грен слем трофеи.
Целиот приход од аукцијата ќе оди директно во фондацијата Новак Ѓоковиќ. Средствата ќе бидат вложени во финансирање на претшколски едукативни програми, реконструкција и изградба на градинки, како и за дообучување на наставниците во Србија