17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2016: Пеналите среќни за Португалија (видео)

ЕУРО 2016: Пеналите среќни за Португалија (видео)

euro-portug

Португалија е првиот полуфиналист на Европското првенство во фудбал, откако по изведувањето на пенали ја совлада Полска со 5-3. Четвртфиналниот натпревар одигран на „Велодром“ во Марсеј по 120 минути заврши 1-1. Трагичар во пенал серијата беше најдобриот полски играч на ова првенство Куба Блашчиковски, а Португалците ќе ги слават голманот Риу Патрисио и Кварезма.

Португалија стигна до полуфиналето на ЕП, а раритет е што до пласманот меѓу најдобрите четири селекции на континетот стигнаа без да совладаат ниту еден од противниците во 90 минути игра.

Полска одлично го отвори натпреварот и го отвори резултатот по само 99 секунди игра. Седрик погрешно го процени летот на една топка, Гросицски мина по левата страна нафрли во шеснаесетникот на Португалија, а Левандовски ја заби топката зад грбот на Руи Патрисио.

Португалија израмни преку 18-годишниот Ренато Санчез, кој во 33-та минута одлично биеше од работ на шеснаесетникот и го погоди левиот долен агол од голот на Фабијански.

Новиот фудбалер на минхенски Баерн стана најмладиот стрелец во историјата на европските првенства.

Полјаците во второто полувреме се определија да го чуваат резултатот, а шансите да ги бараат преку контранападите. Ваквата определба на полските фудбалери им овозмож на Португалците целосно да ја контролираат топката и да бидат многу поактивни.

Во вториот дел Португалија можеше да го реши победникот, но Кристијано Роналдо промаши две изгледни шанси, најпрвин во 57-та минута од левата страна го погоди надворешниот дел од мрежата, а во 85-та минута по додавањето на Мутињо беше на седум-осум метри од Фабијански но ја промаши целтата топка.

Во продолженијата двете селекции се решија да не ризикуваат, а во пенал серијата реши промашувањето на Блашчиковски во четвртата серија. Ударот на фудбалерот на Фиорентина го одбрани Руи Патрисио, а потоа во петтата серија Кварезма погоди за полуфинале на Португалија.

Португалија во полуфиналето ќе игра против победникот од четвртфиналето помеѓу Велс и Белгија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП