27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига Европа: Победа за Шкендија, пораз за Силекс

Лига Европа: Победа за Шкендија, пораз за Силекс

лигашеуро

Шкендија стекна предност од два гола против Краковија, додека Силекс има негатива од два гола против Вадуз, по првите натпревари од првото квалификациско коло во Лига Европа.

Шкендија доминираше против полскиот преставник Краковија, оствари заслужена победа од 2-0, која на тетовскиот клуб му гарантира мирен реванш.

Освојувачот на македонскиот Куп до победата стигна со головите на Ибраими во 41-та и Жуниор во 68-та минута од натпреварот.

За разлика од Шкендија, екипата на Силекс на гостински терен загуби со 3-1 од преставникот на Лихтенштајн Вадуз.

Силекс прими два гола во првото полувреме кога Костанцо во 36-та и 47-та минута ја погоди мрежата на македонскиот тим. Силекс намали преку Мицков во 86-та минута, а Грипо во 95-та минута го постави конечниот резултат.

Реванш натреварите ќе се одиграат за една недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП