12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајбрз гол на ЕУРО 2016: Левандовски не го собори рекордот на Кириченко

Најбрз гол на ЕУРО 2016: Левандовски не го собори рекордот на Кириченко

левандовски

Водечкиот гол кој Роберт Левандовски го постигна во четвртфиналниот дуел со Португалија е вториот најбрз во историјата на континенталните првенства, а најбрз на ова Европско првенство.

Левандовски го совлада Риу Патрисио по 99 секунди игра со што го прекина постот во националниот тим од повеќе од 600 минути на кои немаше постигнато гол.

Напаѓачот на Баерн погоди по акцијата на Гросицки, но не успеа да го собори рекордот на Русинот Дмитри Кириченко, кој на ЕП во 2004 година против Грција постигна гол по само 67 секунди игра.

На третото место на вечната листа се наоѓа репрезентативецот на Република Ирска, кој во осминафиналето против Франција постигна гол по една минута и 59 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП