19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМугуруса елиминирана од Вимблдон

Мугуруса елиминирана од Вимблдон

mugu

Елиминацијата на втората носителка на турнирот во Вимблдон, Гарбиње Мугуруса е најголемото изненадување во досегашниот тек од турнирот.

Шпанската тенисерка која на Вимблдон беше поставена за втора носителка и која пред две недели го освои Ролан Гарос, загуби во два сета 2-6, 3-6 од Чехињата Јана Чепелова.

„Немав енергија, а таа играше одлично. Мислам дека турнирот во Мајорка на кој играв по Ролан Гарос беше грешка. Потоа напорно работев на подготвките за Вимблдон. Едноставно останав без енергија. Не чувствував никаков притисок, но очекувањата на луѓето околу мене беа големи“, рекла Мугуруса.

За разлика од Шпанката второто коло без поголеми проблеми го минаа Стрицова, Макарова, Стивенс, Венус Вилијамс, Кербер, Башчински, Лисицки, Халеп, Суарез Наваро, Шведова и Шаварофа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП