6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКК Цедевита ќе биде исклучена од хрватското првенство

КК Цедевита ќе биде исклучена од хрватското првенство

cedevita

Управниот одбор на Кошаркарскиот сојуз на Хрватска (ХКС), одлучи да покрене постапка со која Цедевита ќе биде исклучена од националното првенство.

ХКС ќе ја исклучи Цедевита од домашните натпреварување бидејќи овој клуб во наредната сезона ќе учествува во Еврокупот, натпреварување кое не е под ингеренција на ФИБА Европа.

Во кусото соопштение од ХКС не појаснуваат какви последици врз Цедевита ќе има одлуката на Управниот одбор, ниту кога и како ќе биде спроведена постапката за исклучување од лигата.

Цедевита во изминатите три сезони е најдобриот и најтрофејниот клуб во Хрватска, а оваа сезона играше и во Топ 16 фазата во Евролигата.

ХКС наведе дека постапката ја покренува следејќи ги упатствата на ФИБА, односно дека сите екипи кои ќе играат во Еврокупот треба да бидат санкционирани од националните сојузи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП