18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБелгија без Вертонген до крајот на ЕУРО 2016

Белгија без Вертонген до крајот на ЕУРО 2016

бел-еу

Белгија во пресрет на четвртфиналниот дуел со Велс на Европското првенство се соочува со сериозни проблеми во дефанзивната линија.

Томас Вермален поради жолти картони нема да биде во составот на Марк Вилмотс, а по тренингот во вторникот белгискиот селектор доби непријатна вест од докторите, кои му соопштија дека ЕУРО 2016 заврши за Јан Вертонген.

Вертонген чија природна позиција е во средишниот дел од дефанзиванат линија, а на ЕП играше на левата бековска позиција, се повредил на тренингот и според првите прогнози ќе паузира четири месеци.

Местата на Вермален и Вертонген на мечот со Велс најверојатно ќе го заземат 21-годишните Џејсон Денајер и братот на Ромелу Лукаку, Џордан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП