3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2016: Полска и Португалија ја отвораат четвртфиналната фаза

ЕУРО 2016: Полска и Португалија ја отвораат четвртфиналната фаза

POLAND-vs-PORTUGAL

По тридневна пауза со четвртфиналните натпревари продолжува Европското првенство во Франција. Борбите за пласман меѓу најдобрите четири селекции на стариот континет, на стадионот „Велодром“ во Марсеј, ќе ја отворат Полска и Португалија.

Полјаците во претходната рунда, по изведувањето на пенали, ја елиминираа Швајцарија, додека Португалците со голот на Кварезма во 117-та минута беа подобри од Хрватска.

„Полска е силен тим, кој игра на високо ниво. Сигурен сум дека нé очекува тежок меч. Додека ја предводев Грција, пред четири години, имав можност да играм против нив и добро се сеќавам на тој натпревар. Блашчиковски, Левандовски и уште неколкумина играчи од тој тим сé уште се тука. Секако дека овој натпревар нема никава врска со тој од 2012 година, но Полјаците имаат голем напредок од тој дуел. Двата тима го посакуваат полуфиналето, шансите се 50:50“, рече португалскиот селектор Фернандо Сантош.

Неговиот колега од спротивната страна предупредува дека Португалија не е само Кристијано Роналдо, кој на овој меч ќе има посебен мотив да се израмни или да го престигне Мишел Платини на листата на најдобрите стрелци во историјата на европските првенства.

„Фудбалот е тимски спорт. Не постои тим во кој еден играч може да го одреди текот на натпреварот. Португалија има добар тим и поради тоа мора да внимаваме на сите, а не само на Кристијано Роналдо, доколку сакаме да победиме. Португалија е опасен противник со голем потенцијал“, вели Навалка.

Во терминот од 21 часот во наредните три дена ќе се одиграат и преостанатите четвртфинални натпревари, во петок Велс и Белгија ќе играат во Лил на стадинот „Пјер Морој“, во сабота е дербито во Бордо меѓу Германија и Италија, а в недела на „Стад де Франс“ домаќинот Франција ќе игра против најпријатното изненадување Исланд.

Полуфиналните натпревари на програмата се на шести и седми јули, а финалето е во Париз на 10-ти јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП