23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФернандо Торес останува во Атлетико

Фернандо Торес останува во Атлетико

торес

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, ќе остане во клубот и во наредната сезона, потврдил претседателот на клубот Енрике Сересо.

Торес изминатите 18 месеци за Атлетико настапуваше како позајмен играч од Милан, а договорот со тимот од Милано му истекува на 1. јули кога ќе стане слободен играч и ќе може без обештетување да потпише нов договор.

„Разговорите со Торес се во тек, остана да дефинираме уште некои ситни детали. Мислам дека нема да има никави проблеми и дека сé ќе заврши наскоро“, рекол Сересо за Marca.

Фернандо Торес кариерата ја започна во Атлетико, а во кариерата бил дел и од Ливерпул односно Челзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП