13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧервар: Македонците кои ќе бидат вишок во Вардар ќе дојдат во Металург

Червар: Македонците кои ќе бидат вишок во Вардар ќе дојдат во Металург

linolilili

Тренерот на Металург и селектор на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар, во интервју за спортскиот неделник Max, кој го објави и весникот Вечерњи лист, рекол дека сé уште не знае со каков состав неговиот тим ќе влезе во сезоната 2016/2017.

Металург изминатата сезона во домашното првенство го освои второто место, кое му овозможи по едногодишна пауза повторно да се натпреварува во регионалната СЕХА лига. Исто така, тимот на Червар, доби специјална покана за настап во Лигата на шампионите.

„Металург се враќа во СЕХА лигата која наредната сезона ќе биде многу силна. Веспрем остана, а влегоа и и Пивоварна Лашко и Горење од Словенија. Ќе биде тешко да се избори пласман на завршниот турнир, бидејќи тука уште се и одлични екипи како Вардар, ППД Загреб, Мешков Брест. Сé уште не знам со каков ростер ќе располагам во наредната сезона. Постојат некои најави дека кај нас ќе дојадат македонските играчи кои ќе бидат вишок во Вардар. Слушам дека Вардар ќе се определи за странски играчи, а кај мене носители на играта ќе бидат домашни, македонски играчи“, рекол Червар.

Трофејниот тренер се наоѓа на одмор во Умаг, а вели дека ќе има време да ги погледне контролните натпревари кои македонските јуниори ќе ги одиграат против Словенија и Хрватска, кои се дел од подготвките на селекцијата за настап на Светското првенство во Данска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП