6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank затвора 188 филијали, откази за 3.000 лица

Deutsche Bank затвора 188 филијали, откази за 3.000 лица

17391202335773bd722eabb023208520_w640

„Deutsche Bank“ затвора свои 188 филијали во Германија, па така без работа ќе останат 3.000 лица, од кои 2.500 во малопродажба и во секторот за односи со клиенти.

Ова е дел од планот за реструктуирање и намалување на трошоците од 2015 година, кога е наведено дека „Deutsche Bank“ ќе намали околу 9.000 работни места до 2017 година, од кои 4.000 во Германија.

Банката по овој бран на скратување, кој е помал од очекуваното, ќе има 535 филијали во Германија, додека целта изнeсува 500 филијали.

Останатите филијали ќе ги затвори до крајот на оваа година, додека во другите земји останатите филијали ќе бидат затворени во првата половина од 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП