8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона го договори Самуел Умтити

Барселона го договори Самуел Умтити

samuel utititit33

Младиот дефанзивец на Олимпик Лион, Самуел Умтити (22), ќе биде првото засилување за екипата на Барселона во овој преоден рок. Умтити е роден во Камерун, но ги има поминато сите возразни категории во францускиот национален тим, а во моментов е дел од репрезентацијата која настапува на Европското првенство.

Француските медиуми објавија дека по три неделни преговори Лион се согласил да го продаде Умтити за сума од 30 милиони евра, а младиот играч најдоцна до петок треба да потпише петгодишен договор со шпанскиот шампион.

Со трансферот на Умтити Барселона започна да инвестира во иднината на тимот, бидејќи се очекува младиот дефанзивец на почеток да им биде резерва на Пике и Маскерано.

Самјуел Умтити кој три години е клучн човек во одбраната на Лион, в недела треба да го има своето деби на Европското првенство, бидејќи Адил Рами поради жолти картони ќе го пропушти четвртфиналниот меч со Исланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП