3 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНолито пред трансфер во Манчестер Сити

Нолито пред трансфер во Манчестер Сити

Nolito-684362

Крилниот напаѓач на Селта и шпанската репрезентација Нолито за 16 милиони евра ќе ги засили редовите на Манчестер Сити.

Нолито (29) за чии услуги долго време се интересираше Барселона, реши да ја напушти Примера и да му се приклучи на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Шпанскиот репрезентативец е второто засилување за Сити во летниот преоден рок, откако претходно во тимот пристигна Илкај Гундоган од Борусија Дортмунд.

Новиот тренер на „граѓаните“, Гвардиола, добро ги познава квалитетите на Нолито уште од периодот 2008-2011 кога тој настапуваше за Б тимот на Барселона.

Во наведениот период Нолито одигра само пет натпревари за првиот тим на Барселона, поради што во 2011 се пресели во Бенфика, по две години во Португалија тој се врати во Примера, во тимот на Гранада, а изминатите три сезони играше во Селта.

Нолито за тимот од Виго одигра 101 натпревар, постигнувајќи 39 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП