21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМонтела нов тренер на Милан

Монтела нов тренер на Милан

монтела-вин

Винченцо Монтела 42-годишниот фудбалски тренер од наредната сезона ќе го предводи Милан. Поранешниот италијански репрезентативец со славниот клуб од Милано потпишал двегодишен договор.

Милан, минатата сезона ја заврши на седмото место на табелата и не успеа да се избори за настап во европските купови. Минатата сезона на клупата на Милан ја стартуваше Синиша Михајловиќ, кој доби отказ во март, а на неговото место дојде Кристијан Броки.

Винченцо Монтела минатата сезона ја мина во Сампдорија, а претходно три сезони ја предводеше Фиорентина со која во 2014 година го освои италијанскиот Куп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП