10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСампаоли нов тренер на Севилја

Сампаоли нов тренер на Севилја

sampaoli 35

Раководството на Севилја соопшти дека Хорхе Сампаоли (56) во наредните две сезони ќе ја обавува тренерската функција. Сампаоли на клупата го наследи Унаи Емери, кој го напушшти клубот по освоената титула во Лига европа.

Хорхе Сампаоли минатата година на Чиле му ја донесе првата титула во историјата на Копа Америка, но чилеанската селекција ја напушти на почетокот на оваа година.

Аргентинскиот тренер во 2015 година беше прогласен за најдобар во Јужна Америка, а беше во конкуренција и за најдобар светски тренер, но признанието го доби Луис Енрике од Барселона.

Ангажманот во Севилја за Сампаоли е прв на европскиот континент. Во новата сезона тој тимот од Андалузија ќе го предводи и во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП