6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДани Алвеш е нов играч на Јувентус

Дани Алвеш е нов играч на Јувентус

дени-алвес

Бразилецот Дани Алвеш потпиша двегодишен договор со италијанскиот шампион Јувентус, соопшти клубот од Торино. Алвеш е второто засилување за Јуве во преодниот рок, откако минатата недела во клубот, за сума од 32 милиони евра, пристигна Миралем Пјаниќ од Рома.

Дани Алвеш, како слободен играч, по осум години реши да ја напушти Барселона, со која ги освои сите титули во клупскиот фудбал.

Триесет и тригодишниот десен бек, за Барса одиграл 247 лигашки натпревари, а со клубот освоил преку 20 трофеи, од кои три во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП