3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВимблдон: Ѓоковиќ сигурен, испадна Ана Ивановиќ

Вимблдон: Ѓоковиќ сигурен, испадна Ана Ивановиќ

ноле-коле

Новак Ѓоковиќ со победа над Британецот Џејмс Вард ја започна одбраната на титулата на третиот Грен слем во сезоната, Вимблдон. Најголемото изненадување првиот ден од турнирот го направи Екатерина Александрова која ја елиминира Ана Ивановиќ.

Ѓоковиќ, не блескаше на стартот на турнирот во Вимбледон, осцилираше во играта, но успеа со максимален резултат да го совлада 177-от играч на АТП листата Вард. Српскиот тенисер победи со 6-0, 7-6, 6-4.

Од фаворитите првото коло во три сета го минаа Чилиќ, Гофан, Ферер, Димитров, Раониќ, Нишикори, еден сет загуби Симон, а во пет сета пласман во второто коло изборија Белучи и Алмагро.

Кај дамите турнирот уште во првото коло заврши за 23-та носителка Ана Ивановиќ, која загуби од 225-та на ВТА листата, Екатерина Александрова. Руската тенисерка победи во два сета со 6-2, 7-5.

Првото коло кај дамите без проблеми го минаа Ерани, Флипкенс, Венус Вилијамс, Стосур, Лисицки, Сафарова, Корне, Мугуруза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП