4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКопа Америка: Пеналите кобни за Аргентина, Чиле ја одбрани титулата (видео)

Копа Америка: Пеналите кобни за Аргентина, Чиле ја одбрани титулата (видео)

копа-па-копа

Чиле ја одбрани титулата на Копа Америка, откако во финалето на јубилејното 100-то издание по подоброто изведување на пенали ја победи Аргентина со 4-2. Финалето на Копа Америка Сентенарио во регуларниот дел и по дополнителните 30 минути заврши 0-0.

Чиле ја освои втората титула на Копа Америка, откако по идентично сценарио, како и минатата година на пенали ја победи Аргентина. „Гаучосите“ од друга страна, го загубија третото големо финале во последните три години, во 2014 беа поразени од Германија во финалето на СП, а во наредните две години загубија две финалиња на Копа Америка од Чиле.

Двата тима во регуланиот дел останаа без еден фудбалер, најпрвин Чилеанецот Марсело Дијаз во интервал од 12 минути (16’ и 28’) доби два жолти картони, а во 43.минута директен црвен картон доби Аргентинецот Маркус Рохо.

Пенал серијата ја отвори Артуро Видал чии удар го одбрани Серхио Ромеро, но веднаш по него Лионел Меси упати удар над голот.

Во наредните две серии пеналџиите беа сигурни Кастиљо и Арангуиз за Чиле, односно Маскерано и Серхио Агуеро за Аргентина.

Во четвртата серија Чилеанецот Босежур беше сигурен реализатор, додека Клаудио Браво го одбрани ударот на Лукас Биља. Титулата на Чиле му ја донесе Франциско Силва кој мирно го реализираше решавачкиот пенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП