17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2016: Германија рутински со Словачка

ЕУРО 2016: Германија рутински со Словачка

германцос

Фудбалерите на Германија ја потврдија фаворитската улога против Словачка и со убедливи 3-0 се пласираа во четвртфиналето.

Актуелните светски шампиони доминираа од почетокот на мечот, а победата ја најавија уште во осмата минута кога Боатенг со волеј удар го совлада Козачик. Словачкиот голман четири минути подоцна успеа да му одбрани пенал на Езил.

Словаците единствената вистинска акција ја изведоа во 42-та минута, Пекарик нафрли од десната страна, а Нојер со парада го одбрани ударот на Куцка.

Минута по нереализираната шанса на Куцка, Гомез со гол ја заврши акцијата на Дракслер.

Конечниот резултат го постави Дракслер во 63-та минута.

Германија во четвртфиналето ќе игра против победникот од натпреварот Италија-Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП