19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2016: Гризман ја реши Ирска

ЕУРО 2016: Гризман ја реши Ирска

гризман-гри

Франција избори пласман во четвртфиналето на Европското првенство, на кое е домаќин, откако во осминафиналето славеше над Република Ирска со 2-1 (0-1). Херој на францускиот триумф е Антоан Гризман кој со во интервал од 225 секунди направи пресврт, откако Ирците на самиот почеток постигнаа гол.

Ирците ги шокираа француските навивачи на стадионот во Лион со гол уште во втората минута. Погба го сруши Лонг, а судијата Рицоли покажа на белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше Брејди.

До крајот на првиот дел Французите се обидуваа да извршат притисок, да израмнат, но нивната игра на моменти и премнугу беше неповрзана.

На почетокот на вториот дел Коман го замени Канте, францускиот селектор Дешам ја смени формацијата во 4-4-2 со што Франција доби физиономија во играта.

Гризман израмни во 58.минута, француските фудбалери долго кружеа околу шеснаесетникот на Ирска, топката потоа дојде на десната страна до Сања, кој центрираше кон Гризман, а напаѓачот на Атлетико од пеналтикот со глава го совлада Рендолф.

Само 225 секунди подоцна, Жиру одлично со глава ја спушти топката кон Гризман, кој излезе сам пред Рендолф и го постигна својот втор гол на мечот.

Имаше можност Гризман да го постигне и третиот гол, но во 66.минута Дафи со фаул го спречи да упати удар. Дафи бидејќи беше последен човек во одбраната доби директен црвен картон.

До крајот на мечот Французите се обидуваа да постигнат уште некој гол, Жињак ја погоди гредата, а Рендолф го одбрани ударот на Гризман, но резултатото остана непроменет.

Франција во четвртфиналето против Англија или Исланд ќе биде ослабена бидејќи поради жолти картони во тимот ќе ги нема Рами и Канте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП