11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСензационална победа на Милер во Асен

Сензационална победа на Милер во Асен

voz-mil

Возачот на Естреља Галисија Марк ВДС рејсинг, Џек Милер (21) победи на трката за Големата награда на Холандија. Младиот Австралиец дојде до сензационалната победа со беспрекорно возење во текот на целата трка, која поради исклучително тешките временски услови се возеше во два дела.

Џек Милер, кој ја вози својата втора сезона во најсилната класа, стана првиот возач уште од 2006 година, кој триумфирал на една трка во шампионатот, а да не е член на некој од фабричките тимови.

Покрај Милер, кој ја забележа првата победа во кариерата во најсилната класа, причина за задоволство има и Марк Маркез, кој го освои второто место, а во исто време киксираа неговите најголеми ривали: Валентино Роси, во моментот кога беше лидер на трката излета од патеката, а Хорхе Лоренцо возеше лоша трка и на крајот заврши на десеттото место.

Одлична трка извозе и возачот на Прамак Дукати, Скот Рединг, кој го освои третото место.

Екстремно лошите временски услови ја обележаа трката во Асен, а поради силниот дожд дирекцијата реши во 15-от круг да ја прекине трката. Во моментот кога трката беше прекината лидер беше Довициозо пред Петручи и Роси.

Откако по 20-тина минути трката беше рестартирана Довициозо и Роси беа најбрзи, но по два круга Роси го мина сонардоникот од Дукати. Потоа Петручи излета од патеката, а потоа истото им се случи на Довициозо и Роси.

Маркез кусо време беше лидер пред да биде престигнат од извонредниот Милер, кој во последните осум круга без проблеми ја сочува лидерската позиција.

По осум трки во сезоната Маркез е лидер во генералниот пласман со 145 бода, а го следат Лоренцо со 121 и Роси со 103. Мото ГП шампионатот ќе продолжи на 17.јули, кога ќе се вози трката за Големата награда на Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП