18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВатерполо: Нова титула за Србија во Светската лига

Ватерполо: Нова титула за Србија во Светската лига

ватерполо-србија

Ватерполо репрезентацијата на Србија ја одбрани титулата во Светската лига, откако во финалето на завршниот турнир кој се играше во Хиџу, Кина славеше против САД со 10-7.

Србија ја освои десеттата титула во Светската лига, односно четвртата во низа во ова натпреварување и дополнително ја истакна кандидатурата за освојување на златниот медал на Олимписките игри.

Српските ватерполисти во финалниот меч прашањето на победникот го решија во втората четвртина која ја добија со 5-2. Најдобриот српски играч Филип Филиповиќ во овој период постигна три гола.

Во последната четвртина Србија стекна предност 8-2, а во последните пет минути Американците успеаа да изборат пристоен пораз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП