29 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристијано Роналдо против Хрватска ќе „лови“ уште еден рекорд

Кристијано Роналдо против Хрватска ќе „лови“ уште еден рекорд

cristiano-ronaldo-portugal-333

Кристијано Роналдо на Европското првенство во Франција веќе собори два рекорда, а на осминафиналниот дуел со Хрватска ќе „лови“ уште еден рекорд.

Роналдо, против Унгарија во третото коло во Ф групата, стана играч со најмногу настапи на европските првенства, тој го одигра 17-тиот натпревар на континенталните шампионати и на вечната листа ги мина Едвин ван дер Сар (Холандија) и Лилијан Турам (Франција).

Воедно, Кристијано стана првиот фудбалер кој бил стрелец на четири различни европски првенства. Два гола постигнал на ЕП во 2004, еден на ЕП во 2008, три на ЕУРО 2012 и два во досегашниот тек од шмпионатот во Франција.

Португалскиот ас со досега постигнати осум голови се наоѓа на второто место на вечната листа, зад Мишел Платини кој е лидер со девет голови, сите постигнати на ЕП во 1984 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП