2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШќепановиќ нов тренер на КК Будуќност

Шќепановиќ нов тренер на КК Будуќност

shke

Поранешниот репрезентативец на Југославија и првиот капитен на кошаркарската репрезентација на Црна Гора, Владо Шќепановиќ е именуван за нов тренер на Будуќност.

Управниот одбор на клубот, решил Шќепановиќ, кој нема никакво тренерско искуство, да го наследи на клупата Игор Ѓалетиќ, кој како в.д.тренер ја предводеше Будуќност во финишот на сезоната, откако Лука Павиќевиќ доби отказ по елиминацијата на клубот од Мега Лекс, во полуфиналето на АБА лигата.

До именувањето на тренерската функција, Шќепановиќ работел во Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора како координатор на помладите селекции.

Владо Шќепановиќ зад себе има богата играчка кариера во партизан, Ефес, Панатинаикос, ПАОК, Болоња, Гранада, Мурсија и Панелиниос.

Со репрезентацијата на Сојузна република Југославија освоил светска титула во 1998 година, европска во 2001 година, а има и бронзен медал од ЕП во 1999 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП