4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСамо со титула Анчелоти останува во Париз

Само со титула Анчелоти останува во Париз

carlo_ancelotti_1893666c

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ќе остане на клупата на ПСЖ само доколку ја освои титулата во Франција.

Анчелоти беше разочаран по елиминацијата во четвртфиналето од Лигата на шампионите без пораз од Барселона, а според шпекулациите, неговото заминување ќе зависи од задволството на раководството на клубот на крајот од сезоната.

„Го одбрав ПСЖ затоа што ми се допадна нивниот проект. Мислам дека сме многу посилни по елиминацијата од Барселона. Работите се многу јасни. За мојата работа ќе разговараме на крајот од сезоната. Ако клубот е задоволен од постигнатото ќе ја продолжиме соработката“, изјавил Анчелоти кој има можност на ПСЖ да им ја донесе првата шампионска титула по 19 години.

Во француските медиуми претходните неколку дена се шпекулираше за автоматското продолжување на договорот на Анчелоти во ПСЖ само доколу „светците“ дојдат до титулата.

На седум кола до крај екипата на ПСЖ има седум бода предност пред Олимпик Марсеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП