18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАзаренка нема да игра на Вимблдон

Азаренка нема да игра на Вимблдон

азаренка

Белоруската тенисерка Викторија Азаренка, поради повреда нема да настапи на третиот Грен слем во сезоната, Вимблдон.

Азаренка, која на Вимблдон беше поставена за шеста носителка, не се рехабиритирала од повредата поради која на Ролан Гарос и го предаде мечот од првото коло на Карин Кнап.

Белорусинката на Вимблдон двапати играча во полуфиналето (2011, 2012), а минатата година турнирот го заврши во четвртфиналето.

Вимблдон се игра од 27. јуни до 9. јули, а титулата во женска конкуренција ја брани Серена Вилијамс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП