Македонските ракометари немаа многу среќа на ждрепката за Светското првенство кое во втората половина на јануари 2017-та година ќе се одржи во Франција.
Македонија во првата фаза од која најдобрите четири тима ќе одат во осминафиналето, ќе игра во Б групата, а противници ќе ѝ бидат поранешниот светски првак Шпанија, Словенија, чиј селектор е Веселин Вујовиќ, Исланд,Тунис кој на ракометарите им го одзеде сонот за настап на Олимписките игри во Рио де Жанеиро и Ангола која во оваа конкуренција треба да биде аутсајдер.
Светското првенство во Франција ќе се одржува од 11-ти до 29-ти јануари 2017-та година во осум градови: Нант, Мец, Руан, Албертвил, Вилнев д’Аск, Монпелје, Брест и Париз.
Група А: Норвешка, Јапонија, Бразил, Русија, Полска и Франција.
Група Б: Ангола, Тунис, Исланд, Македонија, Словенија и Шпанија.
Група Ц: Саудиска Арабија, Чиле, Унгарија, Белорусија, Хрватска и Германија.
Група Д: Аргентина, Бахреин, Египет, Шведска, Данска и Катар.