27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВикендов почнува Балканското првенство во џудо за пионери

Викендов почнува Балканското првенство во џудо за пионери

xudo

Повеќе од 350 натпреварувачи од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Србија и Македонија ќе учествуваат на балканското првенство во џудо за пионери и пионерки „Скопје 2016“ кое викендов, 25 и 26 јуни ќе се оддржи во главниот град на земјата.

Натпреварувачкиот дел на балканското првенство кое е во организација на Џудо Федерација на Македонија и техничка организација на џудо клубот „Вардар“ започнува во сабота, 25 мај, во 10 часот, а сите натпревари ќе се оддржуваат во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје.
На првенството боите на Македонија ќе ги бранат 18 џудисти, од кои 10 во машка и 8 во женска категорија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП