23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗлатко Крањчар е новиот тренер на Динамо

Златко Крањчар е новиот тренер на Динамо

zlatko kranjcar 3353

Златко Крањчар по 18 години се врати во редовите на хрватскиот шампион Динамо. Клубот соопшти дека новиот тренер официјалната промоција ќе ја има во петок.

Играчката легенда на Динамо (307 натпревари, 125 голови), Златко Крањчар, го наследи Зоран Мамиќ на тренерската функција. Крањчар на јавноста ќе ѝ биде претставен во петок, а на официјален натпревар ќе дебитира во Скопје против Вардар, во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, на 12. јули.

Крањчар во првиот мандат како тренер на Динамо има освоено четири трофеи, а во 2002 година со Загреб ја освои шампионската титула. Прославениот тренер е единствениот кој во Хрватска барем на една сезона ја прекина доминацијата на Динамо и Хајдук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП