27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГризман го продолжи договорот со Атлетико

Гризман го продолжи договорот со Атлетико

гризман

Најдобриот стрелец и играч на европскиот вицепрвак Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, попиша нов договор со тимот од „Винсенте Калдерон“. Клубот на својата интернет страница објави дека новиот договор на Гризман има важност до 2021 година.

„Сакаме да растеме како клуб, поради тоа треба да ги задржиме најдобрите играчи“, стои во клупското соопштение.

Антоан Гризман беше трансфер на неколку познати европски тимови, но реши да остане во „црвено-белиот“ дел на Мадрид.

„Многу, многу сум среќен што ќе останам во Атлетико. Овој тим за мене е семејство, а ми се допаѓа проектот клубот да се подобрува во секоја нова сезона“, рекол Гризман кој се наоѓа во Франција каде со својата репрезентација учествува на Европското првенство.

Гризман (25), во сезоната 2014/2015 од Реал Сосиедад пристигна на „Винсенте Калдерон“, за тимот од Мадрид има одиграно 75 натпревари и постигнато 44 голови. Минатата сезона тој постигна 22 гола во Примера и седум во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП