4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКопа Америка: Чиле во финалето против Аргентина (видео)

Копа Америка: Чиле во финалето против Аргентина (видео)

kopa-kopa

Фудбалската репрезентација на Чиле ја победи Колумбија со 2-0 и се пласира во финалето на Копа Америка Сентенарио. Чиле, кој ја брани титулата, во финалето ќе игра против Аргентина.

Чилеанците против Колумбија одиграа фуриозни 15 минути во кои ги постигнаа двата гола. Арангус го постигна првиот гол во седмата минута, а четири минути подоцна Фуензалида го постави конечниот резултат.

Успехот на Чиле е уште погоден, бидејќи во полуфиналето не играа суспендираниот Артуро Видал и повредениот Марсело Дијаз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП