18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКопа Америка: Лавеци поради бизарна повреда го пропушта финалето (видео)

Копа Америка: Лавеци поради бизарна повреда го пропушта финалето (видео)

imageeee----

Аргентинскиот репрезентативец Есекјел Лавеци ќе го пропушти финалето на Копа Америка Сентенарио, откако во полуфиналето против САД на бизарен начин се здоби со фрактура на раката.

Лавеци го постигна првиот гол за Аргентина во полуфиналната победа над САД од 4-0, во второто полувреме, во обид да стигне до една топка падна преку рекламното пано. По падот тој со болна гримаса на лицето се фатил за раката, а потоа на носилки е изнесен од теренот.

Аргентина во финалето на јубилејното 100-то издание на Копа Америка ќе игра против победникот од полуфиналето помеѓу Чиле и Колумбија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП