Овен (21.03 – 20.04)
Делувате самоуверено и донесувате блиц проценки. За среќа, многу околности се на ваша страна и влијаат на позитивниот расплет на деловните случувања. Консултирајте се со повеќе лица.
Бик (21.04 – 21.05)
Имате добар план и стриктно се придржувате на формалниот деловен договор. Ќе се покаже дека вашата проценка и начинот на делување се од заеднички интерес. Прифаќајте ги различните можности. Емотивната нота ве наведува на послободно изразување.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Неочекуван пресврт на деловен план ќе ви го промени животот. Имате прилика да си го наплатите долгот. Опкружени сте со недоверливи лица. Партнерот се однесува чудно, што на вас ви создава сомнежи. Можни се проблеми со синусите.
Рак (22.06 – 22.07)
Не размислувате многу за деловните активности и поради тоа можете да бидете пријатно изненадени. Чувајте се од можни грешки. Партнерот ќе ви постави невозможни барања, поради што може да дојде до кавга. Потребно ви е повеќе сон.
Лав (23.07 – 22.08)
Тврдоглавоста често, па и овој ден, ќе ви донесе лоши резултати. Вашите најблиски го губат трпението со вас, но на вас тоа не ви смета. Можни се проблеми со забите, обрнете му поголемо внимание на здравјето.
Девица (23.08 – 22.09)
Некој ќе ви замери за вашето однесување. Ќе добиете критики и за приватниот и за деловниот живот. Седнете и размислете што е потребно да се промени. Во овој период ќе постои стагнација која ќе ви донесе нервоза.
Вага (23.09 – 22.10)
Малку ви здосадила работата со која се бавите. Слободното време искористете го конструктивно, посветете му се на семејството во кое ќе дојде до позитивен пресврт. Имате поддршка од страна на партнерот во се. Можни се кардиоваскуларни проблеми.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не ве очекуваат значајни промени, поради што ви се препорачува да одите на некаков краток одмор. Можноста за романтични патувања искористете ја максимално. Чувајте се од крадци и паричникот чувајте го на сигурно место. Можни се мали невролошки проблеми.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Се мислите што да правите. Немате идеја и план како да дејствувате. Некако сте разочарани од случувањата и немате мотив за да започнете со нешто. Во односот со партнерот владее незадоволство. Здравјето е добро.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денес ќе се случи нешто што ќе ви даде верба дека нешто добро може и вам да ви се случи. Можеби тоа не е нешто големо, туку само глас кој ќе ви влее надеж за во иднина. Слушајте ја интуицијата и не дозволувајте да паднете сега кога поголем дел од тешкиот пат е изоден.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес ќе се обидете со ладна глава да направите некој договор кој, според вас, би требало да биде добар за вашата кариера. Имате голема самодоверба, но ви недостасува енергија да ги истерате работите до крај и поради тоа секој ве нервира. Односите со партнерот се солидни.
Риби (20.02 – 20.03)
Време е да направите пресек на досегашната работа и да започнете нешто ново. Доколку оставите нерешени работи само ќе се вртите во круг и нема да можете да се одлепите од минатото. Вам ви се потребни нови почетоци и затоа морате да бидете посериозни во однос на старите и незавршени обврски.