23 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОТите нов селектор на Бразил

Тите нов селектор на Бразил

tite brazil 335

Аденор Леонардо Бачи, во фудбалските кругови во Бразил познат како Тите, ги предупреди сонародниците дека репрезентацијата можеби нема да избори пласман на Светското првенство во Русија во 2018 година.

Тите (55), кој со Коринтијанс има две шампионски титули (2011, 2015), на селекторската функција го наследи Карлос Дунга, кој доби отказ откако Бразил не успеа да ја мине првата фаза на Копа Америка Сентенарио.

„Нема да се лажам себеси ниту пак да ги лажам другите, знам дека презедов голем ризик. Можеби нема да се пласираме на светското првенство. Јас сакам Бразил да го врати стариот сјај и да игра убаво. Барам трпение од навивачите“, рекол Тите.

Бразил во јужноамериканските квалификации за пласман на Мундијалот во Русија по шест одиграни натпревари се наоѓа на делба на шестото место со девет освоени бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП