18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлваро Мората се враќа во Реал

Алваро Мората се враќа во Реал

morata

Алваро Мората по завршувањето на Европското првенство, каде го предводи нападот на Шпанија, ќе се врати во својот матичен клуб Реал Мадрид, потврди извршниот директор на Јувентус, Џузепе Марота.

Мората две сезони го носеше дресот на Јувентус, освои две двојни круни и еднаш играше во финалето во Лигата на шампионите. Извршниот директор на најтрофејниот италијански клуб рекол дека Реал ја активирал откупната клаузула и дека за 30 милиони евра ќе го врати 23-годишниот напаѓач во Мадрид.

Марота за италијанските медиуми рекол дека Јувентус ќе се обиде веднаш да го врати Шпанецот во Торино.

Инаку, неколку шпански медиуми објавија дека Реал нема да го задржи Мората во своите редови, туку за поголема сума на пари ќе го продаде најверојатно во Англија. За услугите на Мората, Челзи и Манчестер Јунајтед биле подготвени да платат 60 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП