21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗоран Мамиќ го напушти Динамо Загреб

Зоран Мамиќ го напушти Динамо Загреб

zz mamic 33

Противникот на Вардар во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, Динамо Загреб, остана без првиот тренер Зоран Мамиќ, кој заминува во Саудиска Арабија.

Динамо Загреб се уште не ја потврдил оваа информација, но трансферот на Мамиќ го објави неговиот нов клуб Ал Наср.

„Официјално објавуваме дека клубот успешно ги заврши преговорите со нашиот нов тренер Зоран Мамиќ“.

Мамиќ од позицијата спортски директор, на која мина шест години, во 2013 година стана прв тренер на Динамо, во неговиот мандат клубот освои три титули во првенството и две во Купот.

Хрватските медиуми шпекулираат дека Златко Крањчар или Ненад Бјелица се најсериозни кандидати да седнат на клупата хрватскиот шампион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП