24 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2016: Хрватска мина со парична казна

ЕУРО 2016: Хрватска мина со парична казна

hrvatska-bakli

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска, парично со 100.000 евра, и со забраната на продажба на билети на лица кои се наоѓаат на листата на хулигани.

Хрватскиот сојуз е казнет поради инцидентите кои група навивачи ги предизвикаа на натпреварот со Чешка (2-2), одигран во Сент Етиен на 17.јуни.

На споменатиот натпревар група на хрватски навивачи во 85.минута предизвика прекин откако на теренот фрлија факели и топовски удари.

Инаку, УЕФА води постапка против Хрватска и поради инцидентот на мечот со Турција, одигран во првото коло. На овој меч навивачите користеа пиротехника на трибините, а еден од фановите влета на теренот и заедно со фудбалерите го прослави голот на Модриќ.

Хрватскиот фудбалски сојуз, во изминатите пет години, поради навивачите во касата на УЕФА има уплатено повеќе од 500.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар