23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМамиќ: Фаворити сме против Вардар

Мамиќ: Фаворити сме против Вардар

mamic 833

Вардар, според тренерот Гоце Седолски, го добил најнепосакуваниот противник во втората квалификациска рунда, додека неговиот колега од Динамо Загреб, Зоран Мамиќ, смета дека неговиот тим е фаворит во двомечот со македонскиот шампион.

„Тие се шампиони во својата држава и сигурно е дека се квалитетен тим и незгоден противник за кого ќе мора добро да се подготвиме. Погледнете само што се случува на Европското првенство, каде од натпревар во натпревар гледаме како условно кажано ‘малите’ им се доближија на ‘големите’, што значи дека повеќе нема лесни натпревари“, ја пренесува изјавата на Мамиќ порталот index.hr.

„Секако дека ние сме фаворити, подобар сме тим и веруваме дека ќе се пласираме во наредната рунда. Знаеме кои се нашите цели, знаеме и дека во оваа фаза нема можност за поправен, значи ќе мора добро да се подготвиме. Сигурно е дека нема да бидеме ниту блиску до најдобрата форма, но не е целта тимот на почетокот на јули да биде во најдобра форма, но мора да бидеме многу добри за да ги оствариме нашите желби“, дополнил Мамиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП