2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХет-трик на Розберг во Баку

Хет-трик на Розберг во Баку

хет-трик

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, ја забележа 19-та победа во кариерата, откако победи на првата трка во историјата на Формула 1 која се возеше во престолнината на Азербејџан, Баку.

Германецот со „хет трик“ победи на трката за Големата награда на Европа, тој стартуваше од пол позицијата, го освои првото место, а го возеше и најбрзиот круг на трката (1:46.485 минути). Во целта Розберг оствари време од 1:52:32.366 часа.

Покрај Розберг на победничкиот пиедестал се искачија уште Себастијан Фетел (Ферари) и Серхио Перез (Форс Индиа), кој во последниот круг го мина Кими Раиконен, кој имаше проблеми со болидот.

Бодови во Баку уште освоија актуелниот шампион Луис Хамилтон, кој стартуваше од десеттата позиција, потоа Валтери Ботас (Вилијамс), Даниел Рикардо (Ред Бул), Макс Ферстапен (Ред Бул), Нико Хилкенберг (Форс Индиа) и Фелипе Маса (Вилијамс).

Розберг со триумфот во Баку ја зголеми предноста во вкупниот пласман во однос на Хамилтон, тој сега има 141 бод, 24 повеќе од Британецот, додека трет е Фетел со 96 бодови.

Првенството во Фромула 1 продолжува на 3. јули со трката за Големата награда на Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП