6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПорше победи на 24 часа Ле Ман

Порше победи на 24 часа Ле Ман

le-man

Посадата на Порше со бројот два победи на 84-то издание на трката 24 часа Ле Ман. Трката на која победи Порше, а која се возеше пред 250.000 луѓе, беше решена во последните пет минути.

Роман Дума, Марк Либ и Нил Џани, му ја донесоа на Порше втората последователна победа, откако до првото место стигнаа во последниот круг, кога Тојотата која ја управуваше Казуки Накаџима застана пред стартно целната рамнина.

Тојотоа со бројот пет, која покрај Накаџима ја управуваа Себастијан Буеми и Ентони Дејвисон, не успеа да избори пласман, па до второто место стигна вторито тим на Тојота (Мајк Конвеј, Стефан Саразан и Камуи Кобајаши).

На третото место се пласираше втората посада на Ауди (Оливер Џарвис, Лукас де Граси и Лоик Дувал).

Овогодишното издание на трката во Ле Ман беше едно од највозбудливите во историјата, бидејќи на крајот разликата меѓу првиот и вториот изнесуваше помалку од осум минути, а по 20 часа разликата изнесуваше една секунда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП