3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајубавиот Chromebook на пазарот

Најубавиот Chromebook на пазарот

ubav90

Лаптопите со оперативен систем „Chrome“ на „Google“ се карактеризираат со тоа што се достапни и преносливи.

Дотука сепак завршуваат нивните предности. Дизајнот обично не ја зазема централната улога во нивното создавање. Од „Google“ се обидоа да го променат тоа со моделот „Chromebook Pixel“, но никој не сакаше да плати 1.300 долари за лаптоп со ограничени функционалности.

Тоа сепак, е на пат да се промени, со новиот модел „Acer Chromebook 14“. Со алуминиумското тело и убавиот дизајн, овој лаптоп се одликува со тоа што е еден од најелегантните на пазарот, а цената му е само 300 долари.

ubav91

Хардверот, се разбира не е најдобриот можен кој може да биде поставен на лаптоп. Моделот има 4 GB RAM меморија и „quad-core“ процесор „Intel Celeron N3160“, со фреквенција од 1,6 GHz.

Можеби најсериозен проблем во случајот е внатрешната меморија, која е при ниво од 32 GB, а лаптопот не располага со слот за нејзиното проширување. Кога е затворен, овој „Chromebook“ е со дебелина од само седум десетинки од внатре, или 1,8 сантиметри. Лаптопот има три USB 3.0 порта, но не и слот за SD картички.

Тој го поддржува најновиот стандард „Bluetooth 4.2“. Четиринаесет инчниот дисплеј има резолуција од 1080 пиксели и 156 пиксели на инч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП