13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтартуваше ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

Стартуваше ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

lazar kamp

Вчера во Охрид стартуваше вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“ на кој ќе учествуваат околу 250 деца, кој оваа година ќе се одржи во две смени, и тоа од 17-23 и 24-30 јуни.

Годинава почетокот на кампот мина во многу порелаксирана атмосфера, имајќи предвид дека времето коешто им стоеше на располагање на организаторите беше многу подолго.

Учесниците на кампот ќе бидат поделени во пет групи, според нивниот квалитет и возраст, распоредени кај врвни тренери со високи амбиции. Секоја вечер ќе има технички состанок на стручните лица на кој ќе се увиди што е сработено, а што допрва треба да се сработи.

„Секој почеток е тежок, сега ни е многу полесно, а годинава сме и поорганизирани, иако сметам дека лани направивме еден добар проект, по завршувањето бевме повеќе од задоволни од очекуваното. Продолжуваме натаму, ќе имаме две смени, интересот за овој камп беше голем. Првичната идеја не беше да се шириме во две смени, меѓутоа сакавме да ја испочитуваме волјата на сите деца, не сакавме да ставиме лимитиран број, ниту да трупаме луѓе. Од нашето слободно време како ракометари професионалци ќе одвоиме и за децата и навистина се надевам дека ќе имаме успешно издание“, рече Лазаров.

Капитенот на македонската национална селекција притоа истакна дека најважно е што на кампот е ангажиран квалитетен стручен тим.

„Поголемиот дел од нив ги познавам лично, сум работел со нив како тренери, со некои од нив сме биле колеги кои сега запловиле во тренерските води. Тие се наши најголеми амбасадори, се работи, пред сé, за квалитетни луѓе со голема спортска амбиција и ми е чест што прифатија да бидат дел од овој камп“, истакна Кире Лазаров.

Следните две седмици на кампот во Охрид ќе продефилираат неколку македонски репрезентативци и тренери од странство, од кои учесници ќе има многу што да научат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП